Македония е българска! – предизборен спот на Бугарија, МНР со осуда за несоодветните спотови со територијална претензија

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за надворешни работи денеска ги осуди предизборните спотови објавени во Бугарија во кои, како што се посочува, се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава, и тоа во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека – Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, стои во реакцијата на МНР.

Предизборниот спот на кој реагира МНР:


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи