ВИДЕО – Брука и срамота, при секој пороен дожд живееме во страв дека реката во Прилеп ќе ни ги однеси домовите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Брука и срамота, секој пороен дожд и невреме ние живееме во страв дека Градската река во Прилеп ќе ни ги однеси домовите. Исто се случи и денес, во секој момент очекувавме водата да влези во домот. Ова револтирано за редакцијата на Инфо Компас го изјави пред малку Гоце Митрески, чиј дом се наоѓа веднаш покрај реката во населбата Чачорица, на еден од краците на од улицата „Александар Македонски“.

„Поради тоа што Градската река од оваа страна нема потпорен ѕид, а се работи за околу 200 метри, неколку фамилии со години живееме во страв кога ќе има невреме. Така беше и денес. Целиот овој дел е поплавен поради тоа што реката прелива преку коритото, поради тоа што нема ѕид. Со години бараме од Општина Прилеп да изради тука ѕид, но никој не презема ништо. Се сменија власти и градоначалници, а состојбата е иста. Не знаеме веќе што да правиме“, вели Гоце Митрески.

Пред неколку години кога имало посилно невреме дури поставувале и насипи со вреќи за водата да не стигне до нивните куќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи