Македонските возачи црни рекордери: регистриран пијан возач со 3,74 промили алкохол и возач кој возел со брзина од 320 км/час

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час. Уште еден црн рекорд е регистриран кај возач кој возел под дејство на алкохол кај кого се измерени 3,74 промили алкохол.

Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.

„Застрашувачка е ситуацијата кога на радар ќе фатите некој што вози со брзина поголема од 300 км на час. Тоа не е нормално. Или кога ќе измереме на дрегер дека консумирал алкохол 3,74. Тој човек не може да оди, а не да вози. Затоа, мора да работиме на свеста. МВР и РСБСП работат, но мора сите институции да работат, ова се учи од најмали нозе“, вели Тони Ангелевски од МВР.

Со оглед на фактот што најголем број на сообраќајни незгоди со жртви се случуваат во јуни и јули, кога има поголема раздвиженост на населението, републичкиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со МВР спроведуваат кампања „Вози одморен“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи