МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ѓорги Божиков е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение, чија изработка е во завршна фаза и во текот на летниот период истите ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година.

Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и дека за прв пат е ангажиран во својата земја. Досега неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата.

„Работам на општество и македонски јазик за прво одделение. Според мене, мислам дека најмногу децата во прво одделение ги привлекува бојата и затоа во моите илустрации се застапени попастелни и силни бои кои што на децата им оставаат некоја фотомеморија и потоа знаат да препознаваат предмети“, изјави Божиков.

Божиков вели дека во учебникот по македонски јазик има илустрации каде што некои делови не се до крај обоени и се намерно оставени од илустраторот и од дизајнерите за детето да дополни некои работи каде што е потребно.

Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.

Имплементацијата започнува етапно со стартот на новата учебна година во прво и четврто одделение.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи