Oд утре вакцинација без термин – еве во кои населени места во Прилеп ќе може да се вакцинирате

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот Мој Термин.

Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.

„Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација.

Молам за поддршка од секој граѓанин во овој процес. Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако сеуште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата“, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Теренската вакцинација започнува утре во овие населени места во секоја од следните општини:

Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г. Радобол, М. Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ

Делчево – Дулица

Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште

Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино

Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ

Свети Николе – Лозово

Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав) Шопско Рударе, Коњух

Виница – Грлани, Калиманци

Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште

Струга – Радожда, Калишта

Ростуше – Врбјане

Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш

Струмица – Водоча, Вељуса,

Босилово – Секирник, Петралинци

Неготино –Криволак

Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица

Пробиштип – Турско Рудари

Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен

Кочани – Облешево

Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци

Кавадарци – Бегниште, Ресава

Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан

Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа

Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино

Македонски Брод – Самоков

Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец

Крива Паланка – Дурачка Река, Станци

Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце

Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи