АЕК: Четири компании сакаат да учествуваат на тендерот за 5Г во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во очекување на објава на јавниот тендер за јавно наддавање кој треба да го објави АЕК, 4 компании покажале интерес за учество на тендерот за 5Г.

Регулаторното тело на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.

Македонски телеком, А1 Македонија,  Битстрим Мобиле и Неотел се четирите компании кои пратиле писма до АЕК дека сакаат да учествуваат на јавното наддавање.

Имено, согласно Националниот оперативен бродбенд план до крајот на 2023 година  оние компании кои ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност на најмалку еден град со 5Г сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи