Грчки општински службеник пренесувал дрога од Македонија во Грција, полицијата го уапси

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис што ги презел на граничен премин со Македонија, е уапсен на територијата на Грција за внесување и трговија со канабис, објавува МИА.

Грчката полиција соопштува дека уапсениот, кој е државен службеник вработен во општина бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот бил спакуван во 31 пакување.

При претрес на домот на уапсениот биле откриени и запленети воздушен пиштол, 12.000 евра и 12 кутии анаболични супстанции. Бил запленет и моторот, за кој било констатирано дека е со украдени регистарски таблици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи