Задржување на ГП Богородица, за излез од државата се чека до 30 минути

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 20 до 30 минути.

На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони“, информираат од АМСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи