ВМРО-ДПМНЕ: Иронично е СДСМ да зборува за патна инфраструктура во Прилеп и по 4 години велат „ЌЕ“ направеле нешто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Иронично е СДСМ да држи пресконференции на тема инвестиции во патна инфраструктура. Истите оние кои го преспаа мандатот, оставајќи го Прилеп со огромни кратери и во кал, сега се фалат како тоа биле посветени и граделе модерна и современа патна мрежа. Се вели во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Граѓаните најдобро сведочат, како во изминатиот период, претрпеа штети по сопствените возила, возејќи по разурнатите патишта, кои благодарение на негрижата на градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт, од ден на ден се распаѓаат.

Дали Илија Јованоски и Советот предводен од СДСМ, ќе им пуштат повик за субвенции на граѓаните за смена на амортизери, јабучици, бандажи и слично, и со тоа ќе им ја надоместат претрпената штета?

Прашуваме дали и кога ќе биде изграден кејскиот ѕид кој со сериозна сума беше ветен во развојната програма? Како ќе изгледа улицата „Кеј 1-ви Мај“ без ограден ѕид? Сето тоа најдобро може да се види од сликите.

Колку за потсетување, на локалната власт предводена од СДСМ ѝ остануваат нешто повеќе од 3 месеци. Жално е што истите во своите пресконференции уште ја користат добро познатата „ќе“ реторика, дека ќе направеле нешто, ќе реконструирале и рехабилитирале голем дел од постојната патна мрежа и ќе ги уредувале тротоарите со бекатон плочки.

Наместо да се расфрлаа пари во само неколку милионски проекти, можеа да ги средат напоредно повеќето проблеми на граѓаните, вклучително и оние во патната инфраструктура.

За сета среќа, за скоро време доаѓаат локалните избори на кои СДСМ ќе бидат катастрофално поразени. Потоа се обврзуваме заедно, да го надоместиме изгубеното време од владеењето на СДСМ и да го вратиме Прилеп во полн сјај“, се вели во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи