Заев: Ние не сме Република С. Македонија ние сме Република Северна Македонија, казна за непочитувачите на Уставот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање околу тоа дали се точни написите дека СДСМ нема да ја поддржи резолуцијата доколку не биде усогласена со уставот во однос на уставното име, изјави дека тие ќе го почитуваат уставот.

„Во Резолуцијата треба да стои Северна Македонија и тоа е Устав тоа не е дали ние сакаме, некој не сака или ние не сакаме, па друг сака“, изјави Заев.

Премиерот нагласи и дека името  е Република Северна Македонија, а не Република С. Македонија.

„Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните а тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот 2/3. Парламентот во една дискусија од 130 дена три пати гласајќи ја донесе одлуката за ново уставно име, со тоа што на името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба што е закон веќе, а истовремено и дел од нашиот Устав. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат“, вели Заев. 

Премиерот додава и дека Законот предвидува казни за непочитувачите на Уставот.

„Според мене непочитувачите на Уставот, ако се граѓаните имаат реперкусии, затоа што Законот предвидува што е казниво и што не е казниво, а политичките партии не е во ред да останат неказнети, односно да не сносат последици“, додава Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи