УНИЦЕФ и УНЕСКО: Повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство не смее да чека

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Повторното отворање на училиштата не смее да чека. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште. Oва е заедничката изјава на извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор и на генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај.

„Во напорите да го ограничат ширењето на пандемијата, владите најчесто ги затвораа училиштата и ги држеа затворени подолго време, дури и кога епидемиолошката состојба не го оправдуваше тоа. Ваквите постапки честопати беа прво средство, наместо последна мерка. Во многу случаи, училиштата беа затворени, додека баровите и рестораните остануваа отворени.

 Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени. Почнувајќи од загуба на знаење, преку вознемиреност, изложеност на насилство и злоупотреба, па сè до пропуштени оброци и вакцинации во училиште или намален развој на социјални вештини, последиците по децата ќе се почувствуваат во нивните образовни резултати и општествен ангажман, како и по физичкото и менталното здравје. Често, најпогодени се децата во средини со недоволно средства, кои немаат пристап до алатки за далечинско учење, и најмалите деца кои се наоѓаат во клучните фази на развој.

Загубите за родителите и за старателите се подеднакво големи. Чувањето на децата дома ги принудува родителите низ светот да ги напуштат работните места, особено во земјите без или со ограничена политика за семејно отсуство.

Токму затоа, повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство не смее да чека. Не смее да се чека случаите да стигнат до нула. Има јасни докази дека основните и средните училишта не се меѓу главните двигатели на ширењето. Во меѓувреме, ризикот од ширење на ковид-19 во училиштата може да се контролира со соодветни стратегии за ублажување во повеќето средини. Одлуката за отворање или затворање на училиштата треба да биде врз основа на анализа на ризикот и епидемиолошките согледувања во заедниците каде што се наоѓаат.

Повторното отворање на училиштата не смее да чека да се вакцинираат сите наставници и ученици. Со оглед на тоа што општиот недостиг на вакцини ги мачи земјите со низок и среден приход, вакцинирањето на работниците од првите редови и оние во ризик од тешка болест и смрт ќе остане приоритет. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште.

Пред Средбата за глобалното образование на 13 јули, ги повикуваме носителите на одлуки и владите да дадат приоритет на безбедно отворање на училиштата за да се избегне генерациска катастрофа.

Затворањето на училиштата ја става под залог нашата иднина за нејасни придобивки во сегашноста. Ние мора приоритетите да ги утврдиме подобро. Можеме и мораме безбедно да ги отвориме училиштата“, стои во заедничката изјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи