1 милион денари за дигитализација на основните училишта во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 70-тата седница на Советот на општина Крушево донесени се одлуки за доделување на средства за набавка на дигитални алатки на основните училишта во општина Крушево.

Надополнувањето на блок дотацијата на ООУ „Никола Карев“ изнесува 700.000 денари, додека за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин изнесува 300.000 денари. Со овие средства ќе се набават дигитални алатки и ќе се олесни и овозможи процесот на дигитализација и учење на овој начин.

За процесот на дигитализација локалната самоуправа презеде обврски овој процес за учениците од општина Крушево да биде полесен и училиштата да ја започнат новата учебна година со соодветна опременост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи