Германската „Луфтханза“ нема да ги поздравува патниците со „Дами и господа“ , ќе користи родово неутрални термини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Германската национална авиoкомпанија „Луфтханза“ќе користи родово неутрални термини, изјави портпаролот на компанијата, па кога ќе патувате со нив нема да го чуете поздравот од пилотската кабина „Дами и господа“.

Новата терминологија во обраќањето, ќе се применува во сите подружници на компанијата вклучувајќи ја Австрија, Швајцарија,Еуровингс и Брисел Ерлајнс, јавува германската новинска агенција ДПА.

Останатите обраќања на пилотите кон патниците е по слободен избор, но и тука треба да се користат поздравите „Добар ден“, „Добро вечер“ или „Добредојдовте“, информираат од Луфтханза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи