Државен завод за ревизија: 9 од 10 јавни набавки во време на пандемија се спроведени без јавен оглас

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државниот завод за ревизија (ДЗР) по прочешлувањето на документација на 19 државни институции констатирал дека дури 88 отсто од јавните набавки во време на пандемија биле спроведени без објавување на оглас.

Тоа значи дека 9 од 10 набавки на институциите под државна капа се договарале во четири очи. Во извештајот на ревизорите се наведува дека во анализираните јавни набавки постоело отсуство на прецизно дефинирање на критериумите за „итност“ на набавката или видот на услугата кои може да се набават во време на криза или вонредна состојба. Со што заклучиле дека не може да се потврди во целост интноста на набавката.

„Договорните органи спроведувале јавни набавки од крајна итност и во период кога можело да биде спроведена редовна постапка за јавна набавка. За исти или слични стоки во различни институции се постигнати различни цени, а варијацијата на цени кај определени стоки достигнува значителни разлики и неусогласености помеѓу доделените договори за јавни набавки и тендерските документации и техничките спецификации, што го отежнува следењето на реализацијата, дали фактурираните цени соодветствуваат со договорените“, наведуваат од ДЗР.

Дополнително, ревизорите констатирале дека планирањето на јавните набавки на државните институции која е една од најважните постапки не било завршено навремено и според потребите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи