При претрес во долненско пронајдено оружје и муниција во семеен дом

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43).

При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол „Роси“ калибар 22 мм, пет куршуми 22 мм, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 мм, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола.

По документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи