Одбележувањето на 30-годишнината од независнсота, посочи Арсовски, ќе биде со проекти кои ќе може да се проследат до месец септември, а кои се поддржани во рамки на петтиот пакет мерки, наменет за индустријата за организирање настани.

Логото ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност.