Тешко повреден моторциклист -удрил во паркирана приколка од трактор


На 13.07.2021 во 21.35 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје, кај место викано „Рештарица”, мотоцикл „мондиал”, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Кривогаштани, удрил во приколка прикачена на паркиран трактор „ИМТ-533″, сопственост на Н.Н.(20) од с.Годивје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи