Одбележани 114 години од битката на Ножот


Една од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание се одиграла на денешен ден пред 114 години во Прилепско.

На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј.

Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при нерамноправната битка, а неколкумина од нив се самоубиле.

По заземањето на Ножот, аскерот почнал да се изживува врз загинатите комити, но мајорот Енвер беј го запрел тоа и наредил закоп и почесен плотун во чест на храбрите борци. Телата на херојски загинатите комити, по негова наредба, се закопани во близина на врвот од жителите на блиските села.

Во чест на јунаштвото на македонските комити се одржа панихида во организација на МПЗ Патриот и Унија на ветерани на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи