Колењето на животни на јавни површини е забрането, велат од МВР за претстојниот празник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, Секторот за внатрешни работи Скопје ги информира граѓаните дека Одделението за превенција деновиве ќе реализира повеќе работни состаноци со граѓанскиот сектор, на кои ќе се укаже на потребата од почитување на законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на Кoвид-19.

Секторот за внатрешни работи Скопје укажува дека годинава по повод празникот, продажбата на добиток, за кој мора да се поседува соодветна документација, ќе се врши исклучиво на Сточниот пазар во село Трубарево, додекa продажбата на други локации, како и колењето на животни на јавни површини, се забранети и ќе бидат санкционирани.

Од страна на Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје во содејство со Агенција за храна и ветеринарство во општините Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров ќе бидат поделени и флаери на граѓаните со цел нивно информирање и едуцирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи