Пријавени вкупно 1623 деца за вакцина, во Прилеп под 10 пријавени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање.

Од понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 18 години. Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање.

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5.

Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени.

По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.

Пријавувањето ќе продложи, а рокот за добивање термин за вакцинација – од пријавување на деца до вакцинирање – ќе биде најмногу во период од една недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи