193 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив, 122 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи