ВИДЕО – Кирил Рипилоски и Марина Нешкоска – првиот вело полициски тим во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Уште еден од позитивните примери во Прилеп каде се употребува велосипедот за извршување на секојдневните работи е и ново формираната велосипедска патрола при ОВР Прилеп. Кирил Рипилоски и Марина Нешкоска, униформирани полициски службеници се пионерите во Прилеп кои работат во овој полициски тим. Најчесто може да ги видите во центарот на градот, но извршуваат и задачи од различен тип на целета територија на град Прилеп.

Полицискиот велосипедски тим е новина кај нас. После Скопје и Охрид, конечно го имаме и во Прилеп. Како започнува еден ваш работен ден?

„Нашиот ден започнува во нашата службена униформа, со нашиот полициски велосипед, со полициски ознаки и ротации и со нашата комплет опрема која ја должиме. Најчесто одиме во прва и втора смена во текот на денот“, кажа Кирил Рипилоски.

Со кои предизвици се соочувате во текот на денот во вашата работа?

Предизвииците се на задоволително ниво. Најчесто делуваме превентивно и репресивно, во централното градско подрачје, на периферијата и каде што не можат нашите колеги со моторни возила да постапат, постапуваме ние“, додаде Рипилоски.

Полицискиот велосипедскии тим функционира во Прилеп веќе 2 месеци, како граѓаните реагираа на вас на почетокот, како реагираат сега?

Најчесто добиваме позитивни критики од граѓаните, исто така ни поставуваат прашања во областа за полицијата, добиваме информации за кој се прекршители на кривични дела, исто така извршители на прекршоци во градот. Имаме исто така информации за малолетничка деликвенција, за оружје, за дрога, и слични работи“, вели Марина Нешкоска.

Значи учествувате во повеќе задачи на полицијата на територија на Општина Прилеп?

„Да, исто како нашите колеги ги извршуваме секојдневните редовни задачи во полицијата“, додаде Нешкоска.

Која е предноста на користењето на велосипед при секојдневното извршување на вашите работни обврски?

Значи предноста на овој велосипед е што редовните задачи ги извршуваме многу полесно, многу поврзо и поефикасно, така што доаѓаме во побрз контакт со сите граѓани на кои му сме потребни“, вели Рипилоски.

Со каков вид на опрема сте опремени?

Па опрема исто како секој полицаец што ја поседува опремата, само што тоа кај нас се вклучува и велосипед, означен со полициски ознаки. На него исто така имаме сирени и светлосни ламби“, истакна Нешкоска.

Кој е вашиот апел до граѓаните?

„Апелираме до сите граѓани кои се корисници на скутери, велосипеди со мотор, мопеди, електрични тротинети да не се движат по пешачката зона во градот, во старата чаршија и по парковите“, вели Нешкоска.

Тенденцијата е овој велосипедски тим во иднина да се зголеми и велосипедот да заземе се поголема употреба во секојдневните полициски обврски во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи