Здрав и активен живот – неопходност за најмладите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Физички неактивниот начин на живот, проследен со прекумерно лежење, гледање телевизија, играње на видео игри или константно “седење” на телефон или други електронскиуреди, има негативно влијание и последици врз здравјето, како на физичкиот така и на менталниот развој. Следствено на ова, темелите за градење на здрав и активен живот најдобро е да се постават уште во најраните години, бидејќи подоцна индивидуите потешко го менуваат начинот на живот и навиките, а воедно позитивните влијанија од здравиот начин на живот неможат целосно да се почувствуваат.

Бројни автори во своите истражувањаја потенцираат важноста одвоведување на физички активности од најмала возраст (новороденчиња) во текот на раниот детски развој. Раниот детски развој e основа за доживотно учење, стекнување на корисни навики и одржување на здравјето. Искуствата и учењето со кои што децата се стекнуваат во раното детство во голема мера го обликуваат менталниот развој, капацитетот на детето, а со тоа и иднината како тоа да учи, да соработува во тим и успешно да одговори на секојдневните предизвици.

Локалната Акциона Група ЛАГ АГРО ЛИДЕР која покрај фокусот на рурален развој нуди широк спектар на активности е партнер на проектот „Европско движење на експерти за ран детски развој”, поддржан од ЕРАЗМУС + програмата. ЛАГ Агро Лидер заедно со партнерите од Германија, Австрија, Италија, Шпанија и Грција активно работат на развој на добри практики кои ќе бидат презентирани и имплементирани во установите за ран детски развој како и спортските клубови на локално и на национално ниво.

Проектот ќе овозможи транс-национална и културна соработка, како и размена на добри практики од тренери и едукатори со докажано искуство, кои низ низа на интернационални состаноци и селекција на најдобрите практики,  преку организирани обуки за имплеметација на истите ќе им ги зајакнат вештините на професионалците кои работат во областа на ран детски развој. Овие практити ќе помогнат за зајакнување на основната моторна активност на децата на возраст од 0-6 години, и ќе ги подобрат програмите за ран детски развој.

Овој проект за социјална инклузија покрај развојот на основните моротни вештини,  ќе ги вклучи најмладите во различни физички активности  со цел градење на активен  и здрав начин на живот.

Дел од придобивките на проектот EECEME се:

-физичка подготвеност;

-подобрување на постурата/држење на телото;

-развој на разни моторни способности со штоќе се даде придонес кон подобрување вопроцесот на когнитивно учење и индивидуалниот развој;

-поттикнување на тимска работа, солидарност, толеранција и фер-плеј;

-уживање во активностите и придобивките на спортот;

-размена на добри практики на интернационално, а подоцна и национално ниво;

-создавање на рамнотежа помеѓу интелектуалната и физичката активност во образовниот систем преку поттикнување на спорт и спортски активности во образовните институции/установи.

Имплементацијатана проектот ќе се одвива етапно преку анализа на истражувања да се детектираат добри практики и да се идентификуваат насоки за обука на професионални работници со деца, и низ пилотирање на добри практики преку имплементација на интернационални  и локални тренинг курсеви да се даде придонес кон воведување на спортски активности и поттикнување на здрав начин на живот кај најмладите.

Александра Стеваноска – Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи