Интересни факти за човештвото: секој трет човек живее во Кина или Индија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Светскиот економски форум (WEF) издвои 6 факти за населението во светот.

Азија е дом на 60 проценти од светската популација. Секој трет човек живее во Кина или Индија.

Просечната возраст на жените е 75 години, додека просечната возраст на мажите е 71 година. Од 2000 година, просечниот животен век е продолжен за шест години.

Јапонија има најстаро население во светот. Просечната возраст на жителите на оваа земја е 45,9 години.

Нигер има најмлада популација, а просечната возраст на населението во оваа држава е 15,2 години. Сите 10 земји со најмладо население во светот се африкански земји.

85% од децата на возраст под 16 години се во училиште.

Во моментов живеат 7,88 милијарди луѓе во светот. Глобалното население расте годишно за 1,1 процент.

Се проценува дека на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители до 2030 година, а 9,7 милијарди до 2050 година.

Светскиот економски форум ги презема овие информации од World Population Review и од Обединетите нации (ООН).

Извор: Денар.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи