Костадинов: ДДВ за струја намалено од 18 на 5 %, ги заштитивме семејните буџети

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, со што ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 %, истакна на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече дека и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, успешно се донесени измените кои ќе спречат поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата.

„Успеавме да ги заштитиме семејните буџети од зголемувањето на цената на електричната енергија. Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард. За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а постојано инвестираме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина“, рече Костадинов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи