„Локдаун“ ГЕНЕРАЦИЈА

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почетокот, но и целиот тек на пандемијата со Ковид-19 направи промени во нашите животи и наруши некои од принципите кои ги имавме. Дури и пред да започне пандемијата која доведе до длабока криза, интеграцијата на младите во општеството (социјално и економски) беше секојдневен предизвик. Она што треба да се земе во предвид е дека доколку итно не се преземе акција, младите ќе страдаат од долготрајни и сериозни влијанија од пандемијата во областите на вработливост, образование, ментално здравје и социјална вклученост.

Предизвиците почнаа уште со почетокот на пандемијата, каде што оние млади кои секојдневно беа посветени на училиштето/факултетите се соочија со нивно затворање и со потешкотии да се адаптираат на новата реалност во образовниот модел наречен онлајн наставата. И покрај напорите на институциите да се најде начин да се прилагоди наставата многу од младите се соочија со промени на кои не можеа лесно да  прилагодат.

Пандемијата, исто така им постави и големи пречки на младите работници, ограничувајќи им ги можностите за вработување како и за кариерно надградување.  Многу од младите се соочија со намалување на работните часови, па дури и со губење на работното место.

Нарушувањата и промените во образованието и во областа на вработувањето, кои беа надополнети со здравствена криза, доведе до влошување на менталното здравје на многу млади, каде што може да се забележи анксиозност или депресија, на која дополнително влијаеше и воведувањето на мерките за заштита од вирусот и многу од младите сметаа дека тоа индиректно влијае врз нивната слобода на движење.

Но и покрај сите овие предизвици, младите сè уште се одлучни и силни, спремни да ја зајакнат својата соработка со институциите, граѓанското општество и сите засегнати страни за да може да креираат подобро утре. Ние, граѓанскиот сектор, мораме да изнајдеме начин за да го поддржиме и засилиме гласот на младите со тоа што би се залагале за итни, насочени и подобри инвестиции во пристојни работни места за младите, вклучително и во програми и обуки за зголемување на вештините за вработливост, социјална заштита на младите, поголеми напори за подобрување на квалитетот на онлајн образованието како и психосоцијална поддршка и спортски активности за младите.

Само со поддршка и заедничка работа, за и со младите, можеме да ја спречиме тешката криза на оваа „локдаун генерација“, за истата да нема негативно влијание врз нивниот  иден развој.

Автор: Лела Јурукова – Асистент за логистика и членство во Коалиција на младински организации СЕГА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи