Нема нови рестриктивни мерки – се интензивира вакцинацијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Комисијата за заразни болести засега не препорачува воведување на нови мерки за заштита од ковид 19.

Тема на разговор на денешниот состанок беа свадбите во затворен простор, кои би можеле да се забранат како мерка за заштита од ковид-19, особено по појавата на новите мутации како делта-сојот.

Но според надлежните, епидемиолошката состојба во земјава е стабилна и дека потребно е помасовна вакцинација за да се спречи појавата на нов бран.

Последните анализи покажуваат дека новиот делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираните во светот. Токму затоа во моментов покрај редовната ревакцинација на населението, од денеска стартуваше и вакцинацијата на деца од 12 до 18 години со Фајзер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи