ССМ: Не сме поканети на расправата за недела неработен ден

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Преку писмено соопштение, Сојузот на синдикатите на Македонија реагираше дека не е поканет на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, за законското решение со кое недела ќе стане неработен ден.

„Во врска со закажаната седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, за Законското решение со кое недела ќе стане неработен ден односно ден за неделен одмор, Сојузот на синдикатите на Македонија уште еднаш укажува дека не е поканет на седницата за да може во името на работниците да ги пренесе нивните ставови во врска со предложениот законски текст за прогласувањето недела како неработен ден односно ден за неделен одмор како право кое конечно ќе се воведе, а е по барање на ССМ уште од 2017 година.

На пратениците им укажуваме дека зголемувањето на додатокот на плата за работа во недела, според ССМ , треба да изнесува најмалку 100 проценти за секој час поминат на работа во недела.

ССМ уште еднаш укажува дека останува на ставот дека заради спречување на злоупотреби потребно е денот на неделен одмор за исклучоците од став 3 од Предлог Законот за работните односи, да биде денот што му претходи, односно му следи на денот недела односно или саботата пред недела или понеделникот.

Напоменуваме дека дури и пренесувањето на правото за само еден ден во наредната недела може да значи губење на правото на неделен одмор кој треба да се искористи во 7 дена од неделата.

Сметаме дека помошните дејности и придружните работи од ставот (3) алинеи 40 и 41 на членот 2 од Предлог Законот треба да се прецизира точно за кои Работни места ќе станува збор, а ние сметаме дека треба да се однесува единствено на обезбедување и заштита на објектите и одржување на ИТ уредите за непречено извршување на основната дејност на работодавачот и евентуално дополнување за уште едно до две работни места кои ненамерно се пропуштени.

Предлагаме при прекршување на одредбите од член 134, за оние работодавачи кои ќе се осудат да работат во недела, а нема да бидат во исклучоците, забрана за вршење на работа да се донесува на целокупното работење, а не во работниот простор или работа просторија каде е утврдена неправилноста односно работата во недела.

Нагласуваме дека казните треба да бидат сериозни за да се делува превентивно и се спречи прекршување на законот. (Досега во пракса се покажа дека вака уреденото законско решение во делот на непријавени работници член 259 од ЗРО е проблематично од причини поради тоа што работодавачот продолжува да работи во други простории со оглед на тоа што забраната се однесува само за определени работни простории, а не за целокупното работење).

Очекуваме поради сериозноста на предлозите истите да бидат земени во предвид истите да бидат земени во предвид и да бидат вградени во текстот на Законот со цел унапредување на работничките права“, велат од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи