Започнува пријавувањето за попишувачи на попис на населението

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори e објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk на која од денеска во 8 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.

„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“, велат од Државниот завод за статистика.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи