Спасовски: Службите работат во две смени и за викенди за да се обезбедат лични документи за граѓаните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Генерално има сериозно зголемување на бројот на барања за издавање лични документи, но обрасци за сите лични документи има доволно.

Службите се добро организирани и работат и секој граѓанин ќе добие личен документ за кој има потреба, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во утринската програма на МТВ.

„Четири дена правевме надградба на системот за миграција на податоците, но морам да истакнам дека имаме сериозно зголемување на барањето на лични документи.

Во јуни  оваа година граѓаните аплицирале за 42.000 патни исправи, 10.000 возачки, 30.000 лични карти, а само од 5 до 14 јули имаме 41.864 барања за лични документи. За една недела имаме барања колку за цел месец јуни, сето тоа бара и поинаква организација на делот за управни работи, двосменска работа, и викенди.

Службите добиваат по 3000 повици за лични документи и повеќе од 1000 граѓани преку електронското пријавување“, истакнува Спасовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи