Филипче: Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира, можни се рестрикции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од септември или октомври најверојатно ќе има нови рестрикции, бидејќи не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антивакцинална кампања, како кога беше актуелна епидемијата со морбилите. Тогаш веднаш интервениравме и се сузби преку вакцинацијата и забраната децата да се примаат во градинки и училишта. Тоа треба да е доказ колку моќно оружје е вакцината во борба против пандемија. Ги пратиме другите земји, нема некоја голема разлика во бројките…најголем опфат кај нас има во поголемите градови, Скопје, Охрид, Битола… Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти“, истакна Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи