Зголемување од 100 проценти на социјалните стипендии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Социјалните стипендии за студентите се зголемуваат за 100 проценти односно од 3.000 на 6.050.

Ученичките стипендии кои се движеа од 2.000 до 2.900, сега се усогласени на 3.500 денари.

За студентите од природните науки – хемија, физика и математика, стипендиите ќе бидат 18.000 денари поради тоа што се дефицитарни, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Десет месеци интензивно работиме преку „Млади МОН“ да постигнеме политики кои ќе бидат во интерес на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. На тој начин вложуваме во младите, а за секоја држава најисплатлива инвестиција е онаа во децата и во младите затоа што тие ја креираат понатаму нашата иднина на која сите треба да се надеваме да биде подбра“, изјави Царовска.

По една деценија повторно ќе се стипендираат и студенти запишани на втор и трет циклус студии во државата. Обезбедено е факултетите да добијат 50 стипендии за магистерските студии од 9.000 денари и 15 стипендии за докторските студии во износ од 18.000 денари.

Таа посочи дека условите за сите овие стипендии, како и оние за учениците во дуалните паралелки и за тригодишните во стручните училишта, се наведени во конкурсите, а обрасците може да се најдат на веб-страниците на МОН (mon.gov.mk) и на e-uslugi.gov.mk.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи