Од вторник (27.07) започнува етапната исплата на јулските пензии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата даде препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули.

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата.

На 88-та седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.

Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток) и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи