Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи 10 минутни ковид тестови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија Mologic Ltd која разви брз, 10 минутен тест за откривање на коронавирусот, објави Financial Times.

За извршување на аквизицијата, конзорциумот го основа социјалното претпријатие Global Access Health (GAH) чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија, и  над 41 милијарда долари ќе се инвестираат за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на Mologic.

Mologic е основана во 2003 година и се занимава со производство на тестови за различни болести, а неодамна ја добија ознаката CE (Conformité Européenne) за своите Ковид-19 тестови, кои компанијата планира да ги продава по цена од 1 долар.

„Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство“, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ.

Генералниот директор на Mologic, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи