Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ започна со работа, првите премиери во септември, тогаш се очекуваат и новите уписи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Саша Нацевски, основач на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп кое постои веќе 14 години. После пауза од година и половина поради пандемијата „Чин 4 Сцена 5“ повторно започна со работа.

Младите кои сега го посетуваат се поделени во 3 групи, но поради протоколите, за жал иако имало огромен интерес, нивниот број морал да биде редуциран.

Нацевски вели дека изминатиов период бил еден од најтешките за нив, бидејќи освен помошта од Владата за исплата на плати од неколку месеци немале никаква друга поддршка. Единствено помош добиле од поранешниот директор на Центарот за култура Рубинчо Белчески кој ги ослободил од некои плаќања кон оваа установа во овој тежок период.

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ се членки на Асоцијацијата за ивент индустрија, од каде што практично пристигнала и најголемата помош, пред околу еден месец, благодарение на напорите и преговорите кои со институциите ги водела претседателката на оваа Асоцијација, Маја Бабиќ. Во рамки на тоа во август и септември ќе го реализираат проектот „Цело е кога се има 30“, по повод 30 години од незавиноста на Македонија.

За време на пандемијата имале онлајн часови со малата група, како и курс по креативно пишување. Творбите од тие дечиња ќе бидат објавени во книга, а парите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Кога ќе се создадат услови за тоа се планира и со одржување на претставата „Солунски патрдии“, која исто така ќе биде наменета за хуманитарни цели, а нејзината премиера беше прекината лани поради пандемијата.

Во месец септември се планира и премера на три комедии, на трите групи, кои моментално работат во „Чин 4 Сцена 5“. Тогаш би требало да започнат и новите уписи.

Идната година училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ одбележува 15 години од своето постоење.

Повеќе околу сите активности на „Чин 4 Сцена 5“ погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи