Џафери на крајот на јули ќе го соопшти датумот на изборите, партиите се обвинуваат меѓусебе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Откако вчера премиерот Зоран Заев излезе со предлог, изборите да се одржат на 31. октомври, наместо на 17., како што беше планирано, партиите се обвинуваат меѓусебе дека на другите не им се оди на избори.

Премиерот Заев вчера рече дека ова може да се уреди со измени на изборниот законик, како што се правело и во минатото, но Антонио Милошоски од ВМРо-ДПМНЕ вели дека датумот не може да се определува според личната желба на политичарите..

„Уставниот и законски термин за локалните избори е 17. октомври, првиот круг. Се друго би било не уставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците на кои што им истекува мандатот и советите на општините“, вели пратеникот на ВМРО-ДМПНЕ Милошоски.

Дебатата за датумот на изборите се отвори поради стравот дека е можно да се поклопи кампањата со одржувањето на пописот, закажан од 5. до 30. септември. Поради ова, Заев и Мицкоски на лидерската средба во март се договорија тие да се пролонгираат за втората половина од октомрви, но не дефинираа точен датум.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов смета дека опозицијата сега се обидува да бара изговори.

„Мислам дека повеќе станува збор за изговори со обид да се проблематизираат локалните избори, имајќи во предвид дека и на ДПМНЕ му е јасно, особено во Скопје, дека нема што да бара на изборите. Две недели не менуваат ништо на скопјани“, истакна Петре Шилегов.

Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски, како компромис го нуди 24. oктомври, со оглед дека камапњата трае 20 дена, и во таков случај би почнала по завршувањето на пописот.

Одлуката е во рацете на собранискиот претседател Талат Џафери, кој ја има надлежноста да ги закаже изборите. Скоро тој најави дека за ова ќе се консултира со ДИК, а денеска од неговиот кабинет велат дека датумот ќе боде соопштен на 30. јули, пред летниот колективен одмор на Собранието. Крајниот рок за распишување на изборите е 7 август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи