Епска фотографија на кралот на неговиот пиедестал од коски


Фотографот Симон Нидам, додека бил во посета на резерватот за диви животни ГГ и засолништето Лав, јужно од Јоханесбург во Јужна Африка направил епска фотографија.

Тој успеал да фотографира лав кој стоел на врв од куп коски. Симон стоел на само 9 метри додека ги правел сликите користејќи ја својата камера Canon 1DX Mark II.

„Едно утро, решив да седам таму и имав среќа да фатам еден голем лав додека стоеше на врвот на купот од коски. Тој стоеше кратко, околу една минута, но јас имав среќа да направам неколку фотографии пред тој да продолжи понатаму.

Ова беше многу возбудлив момент за кој само можев да сонувам пред да се случи. Забележав дека луѓето ја толкуваат сликата на многу начини, но јас ја гледам само како горд крал лав“, вели Симон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи