Објавена Стратегијата за конфискација на имот


Конфискацијата на имот постои како мерка, но при криминалистички истраги досега не беше ефикасна, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, при презентација на Националната стратегија за зајканување на капацитите за водење финансиски истраги и конфискација на имот.

„Слабата примена на конфискација на имот е поради отсуство на електронска поврзаност на ОЈО и другите институциите, како и немање човечки капацитети. Заложбите за борба против криминалот наметнува потреба за зајакнување на капацитетите и следење на финансиските средства и нелегално стекнат имот. Проактивноста на институциите ќе придонесат и за водење финансиска истрага паралелно со криминалистичката. Очекуваме да се намалат ризиците за препродажба или прикривање на налегално стекнатите имот и средства“, кажа Николовски.

Тој додаде дека од големо значење е и електронското поврзување на институциите, преку нивна дигитализација и навремена размена на информации, односно преку програмата за интероперабилност.

„Се зајакнуваат и капацитетите на Основните јавни обвинителства низ државата, заедно со истражните центри. Министерството за правда заедно со ОЈО достави анализа за кадровската и техничка потреба на обвинителствата, што ќе придонесе за ефикасно водење на истрагите и успешно конфискување на нелегалниот имот“, рече Николовски.

Вицепремиерот откри дека до крајот на август ќе биде познат и текстот на предлог закон за потекло на имот, со кој ќе се контролира капиталот, ефикасна ќе биде конфискацијата и ќе се спречи богатењето на грбот на граѓаните.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека со имплементацијата на стратегијата ќе се зајакне борбата против криминалот и корупцијата, со водење на координирани финансиски истраги. Министерот додаде дека е потребен системски приод за зајканување на капацитетите на институциите.

„Целосно сме посветени на градење систем кој ја пренесува пораката дека криминалот не е исплатлив. Успешноста на овој процес ќе влијае на зголемена доверба на граѓаните во државните институции. Формирањето на посебната специјализирана единица во МВР за водење финансиска истрага во 2020 испорача резултати. Сега е важно финансиските истраги да течат паралелно со криминалистичките. Најголем дел од финансиските истраги се поврзани со трговија на дрога, криумчарење мигранти, но и дејствија на тероризам и злоупотреба на службена положба“, изјави Спасовски.

Тој кажа дека треба да се следи текот на парите и имотот, преку развивање на меѓуинституционален пристап и конкретни мерки за истовремено јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Спасовски најави дека ќе се формира заеднички меѓуагенциски тим за водење финансиски истраги под надлежност на Основното јавно обвинителство.

„Ќе направиме измени во Законот за внатрешни работи, со кој процентот од конфискуваниот имот ќе биде вратен во буџетот на МВР, а парите ќе бидат инвестирани во капацитети за оние што ги водат финансиските истраги во Министерството“, рече Спасовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи