Прилепчанец со велосипед удрил во паркирано возило – се здобил со тешки телесни повреди


На 20.07.2021 во 23.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“, велосипед управуван од З.Б.(43) од Прилеп удрил во паркирано патничко возило „пежо 206“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(46) од Прилеп. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи