15 нови случаи на ковид-19 во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово –  1.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:  Скопје – 5 и Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи