ВИДЕО – Се активира повторно изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, на делницата Градско-Дреново

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Повторно започна изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, на првата делница, од Градско до Дреново, откако претходно Владата го раскина договорот со италијанската компанија „Тирена скави“, сега работите ги презеде австриски Штрабах. Инвестиција е 24, 7 милиони евра, од кои 85% се обезбедени од ИПА фондовите. Должината на оваа делница е 15,5 км.

„Досега вкупната изградба на патот е со 34,4%, што значи дека новиот изведувач има обврска да ги доизгради останатите 65%. Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тој рок може да биде и порано ии целиот експресен пат да биде завршен пред самиот рок“, истакна Благој Бочварски, министер за Транпоспорт и врски.

Наскоро се очекувало иинтензивирање на работите и на втората делница од Дреново до Фариш. И таму Владата го раскина договорот со претходниот изведувач, шпанската Рубау, а изведбата ја презеде кинеската „Синохидро“. И на овој дел се изградени се само 35% од предвидената траса. И оваа траса се очекува да биде завршена во 2023 година, нејзината должина е 10,2 км, а истата чини 31,8 милиони евра, средства од ЕБОР.

„Овој пат е еден од најзначајните патни правци вво државата, каде дневно поминуваат и над 6.000 возила од сиите категори. И ние искрено се надеваме дека за 2 години ќе имаме модерен експресен пат по кој безбедно ќе се вози до саканата дестинација“, рече Ејуп Рустеми, директор на ЈП за ДП.

„Со изградбата на овој експресен пат пелагонискиот регион, граѓаните од овој регион, економијата ќе добијат најмногу. Јас мислам  дека после изградбата на овој експресен пат поинаку ќе биде и за економијата тука, развојот воопшто, ќе се скрати времетраењето на пристиигнување од Прилеп до Скопје, а особено безбедноста на граѓаните коии ќе патуваат од овој регион“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Во подготовка била документацијата и за изградба на трета лента на Плетвар од Беловодица до каменоломот Маврово и проширување за уште една лента на потегот Ленишка река до влезот на Прилеп. До крајот на 2021 се очекувало да се распише јавен повик за изградба на овој трет дел од експресниот пат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи