Во вторник коњаниците тргнуваат за Крушево и почнува Илинденскиот марш

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Коњаниците што ќе учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш оваа година по повод националниот празник Илинден ги прават последните подготовки покрај кејот на реката Вардар.

На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат 20 коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојчиња. Тие ќе тргнат кон Крушево во вторник, 27 јули, од паркот „Јане Сандански“ во 17.30 часот. Потоа со дефиле низ главните булевари во Аеродром ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што ќе се одржи народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“ и каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан ќе им даде благослов за маршот.

„Задоволство ми е што и оваа година го поддржуваме Илинденскиот марш организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ“, изјави градоначалникот Марин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи