Математика преку сказни, бајки и игри – МОН ја промовира новата наставна програма за првачиња

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според авторката д-р Слаѓана Јакимовиќ при изработката на новиот учебник по математика особено важно е да се вметнат содржини со кои кај учениците ќе се поттикнува и се продлабочува интересот и љубовта кон изучувањето математика и градењето позитивна слика за себе, за тоа што значи да се биде математичар и да се чувствуваат удобно во улогата на математичари истражувачи.

„Воведувањето во учењето математика на првачињата преку приказни, сказни, бајки и игри кои извираат од секојдневието на децата претставува најприроден и најубав, а воедно и најефективен начин за постигнување на дефинираните стандарди за оценување во новата наставна програма по математика“, вели д-р Слаѓана Јакимовиќ која заедно со м-р Ирена Богдановска ги подготвија новите материјали за учење по математика за прво одделение.

Јакимовиќ вели дека одлика на новиот учебник се богатите илустрации и разиграните визуелни приказни на секоја од задачите кои во себе носат истовремено и широк опсег на когнитивни барања на математичките задачи.

„Наставниците и наставничките со нив ќе ги воведат најмладите математичари преку работи со конкретни материјали, преку игри, драматизации на ситуациите и нам ни беше особено важно да го овозможиме овој широк опсег, широк спектар на содржини и когнитивни нивоа на задачите за да можат наставниците да ги користат во прилагодување на истите и да ја развиваат својата визија за наставата по математика”, објаснува Јакимовиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи