„Цело е кога се има 30“-исполнување на културната празнина во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Звонко Димоски, проектен менаџер, на „Цело е кога се има 30“, проект во продукција на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп. Проектот е во рамки на поддршката на Владата на ивент индустријата, а по повод 30 години независност на Македонија. Димоски е познат организатор на повеќе културни настани во нашиот град, иницијативата Јавен Простор Прилеп, фестивалот „Со Марко на улица“ и многу други.

Инаку „Цело е кога се има 30“ практично е единственото поголемо културно случување во Прилеп ова лето. Повеќе околу целиот овој проект погледнете го интервјуто и прочитајте подолу за што станува збор.

„Цело е кога се има 30“ концепиран е како серија од настани, коишто преку своите идејни решенија и планирани продукциски активности има за цел да го претстави континуитетот и трајноста на современа македонска уметност, литература и култура. Модерниот и креативниот пристап во осмислувањето на предложените активности ја допираат не само промоцијата, туку и реактуализација (нови естетски доживувања) на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес. Помеѓу авторите кои послужија како тематска инспирација во креирањето на настаните се вбројуваат Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Богумил Ѓузел, Томе Арсовски, Никола Мартиновски, Тодор Скаловски и др. Настаните ќе се одржат во Прилеп, на сцените на Домот за култура Марко Цепенков, Народниот театар Војдан Чернодрински и пред Саат-кулата, како и Крушево, односно Музејот на НОБ и платото пред споменикот Македониум.

Главната цел на проектот и вклучените настани е модерната анализа и мултимедијалниот пристап во работата со клучните дела и автори од македонската современа литература, музика и уметност со цел да се претстават, не само како значајни за развојот и видливоста на македонската култура и идентитет, туку и како материја која со помош на современи техники може да биде атрактивна и за најмладите граѓани. Процес, којшто со сигурност ќе има влијание врз реактуализацијата на авторите и делата и нивна понатамошна врежаност во колективната меморија на населението.

Дигитализацијата на културните настани не е пракса која е вообичаена не само во Регионот, туку и во државата, поради што како цел е поставена целосна дигитализација на настаните, како и изработка на заклучен краен документарен филм.

Програма:

  1. Концертна промоција на албумот Апокриф на Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ Дуо.
  2. Концерт и промоција на албум на музичката група The Hounds. (прва изведба)
  3. Концерт на македонски блуз и диско композиции од 90те години на минатиот век, со музичката група The Dreamers.
  4. Диџејски сет на Промотерска асоцијација за модерна електронска музика Room 313.
  5. Танцов театар „Парадоксот на Диоген“ по романот на Томе Арсовски, музика Тодор Скаловски со X Squared Dance Collective (Ludon DC). (спремено за кај нас, премиера)
  6. Поетска вариете-вечер инспирирана од основоположниците на македонската современа поезија со Трпче, Димитар Ѓорѓиески, Исидор Јованоски, Даниела Иваноста и Методија Костоски. (спремено за кај нас, премиера)
  7. Театарска претстава Мендо и Мајло според текст на Мирјана Селчанец, во режија на Игор Трпчески (Театарска Работилница Прилеп).
  8. Младински радио-фестивал во соработка со #teentopiashow и Радио Пела. (радио-емисија-фестивал под Саатот).
  9. Креативна стрип-работилница за младиници Украсуваме Македонска Поезија (изложба) со Јулијана Талеска.
  10. Мултимедијална изложба на тема Убавината на 30-те (Јавен повик).

 Настаните 1-10 ќе се одржат во Прилеп.

 Концерт на Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ Дуо.

  1. 12. Танцов театар со X Squared Dance Collective (Ludon DC)
  2. Театарска претстава Мендо и Мајло според текст на Мирјана Селчанец, во режија на Игор Трпчески (Театарска Работилница Прилеп).
  3. Креативна работилница за млади Интерпретации на делата на Никола Мартиновски (изложба).

Настаните 11-14 ќе се одржат во Крушево.

 Придружна програма во Прилеп.

  • 2 градски игранки и претстава на Театар Чин 4 Сцена 5
  • Музички перформанс на Зарина Првасевда

Плакат Ѓорѓи Десподов. Дизајн на програма Дарко Талески. Програмата ќе биде во форма на стрип во кој Македонка ќе најавува разговарајќи и едуцирајќи се од изведувачите.

За успешна реализација на предложениот проект ангажирани вкупно 30  артисти/изведувачи кои со своето досегашно присуство на македонската уметничка сцена го потврдиле своето значајно место, а дел од нив имаат огромно влијание за развојот на културата и уметноста на локално ново, односно Пелагонискиот Регион и Крушево. Предложените артисти/изведувачи се одбрани и поканети да учествуваат во реализацијата на предложениот проект, не само поради нивната позиција во уметничкиот свет, туку и поради нивната несомнена креативност и отвореност во креирањето на нови изрази, атрактивни за пошироката публика, со неоспорен постојан квалитет во понудените содржини.

МУЗИКА

 Добрила Грашеска (Чалгија Саунд Систем) и Дориан Јовановиќ (String Forces) Дуо.

The Hounds (Златко Карчески, Крсте Карчески, Илија Мирчески, Јане Петкоски).

The Dreamers (Милан Секулоски, Кире Најдоски, Викторија Стојческа, Маја Црвенковска).

Room 313 (Митрик и Самарџиски).

Методија Костоски (мулти-инструменталист).

ТЕАТАР И СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ

 Игор Трпчески (актер, режисер, поет).

Исидор Јованоски (актер, поет, културен аниматор).

Даниела Иваноска (актерка).

Димитар Ѓеорѓиевски (актер).

Дарко Карбески (актер).

Трајче Иваноски – Пепио  (актер-првенец).

Андон Јованоски – Ашата (актер-првенец).

Саша Нацевски (режисер, културен аниматор, наставник).

ТАНЦ

X Squared Dance Collective (Ludon DC).

ЛИКОВНИ И ГРАФИЧКИ УМЕТНОСТИ

 Емил Солески (скулптор, културен аниматор).

Дарко Талески (уметник, графичар, илустратор).

Ѓорѓи Десподов (уметник, графички дизајнер, илустратор).

КУЛТУРНА АНИМАЦИЈА

 Јулијана Талеска (културна аниматорка, наставничка).

Теодора Велкоска (актерка, водителка, културна аниматорка).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи