Црногорската Влада ја ограничува цената на лебот, ќе дели социјални бонови и масло за јадење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Црногорската Влада планира да ги ограничи цените на лебот, да дистрибуира масло за јадење за околу 25.000 домаќинства и да обезбеди социјални ваучери за помош на најсиромашните.

Владата, на предлог на Министерството за економски развој, денеска треба да ги ограничи максималните малопродажни цени на лебот од бела пченица.

Максималната малопродажна цена на лебот од бела пченица, тежок од 500 до 600 грама, според владиниот предлог, ќе биде 50 центи. За леб од 300 грама до 400 грама, максималната цена ќе биде 40 центи.

Според најавите, 70.000 литри масло ќе им бидат дистрибуирани на 25.000 домаќинства.

Минатата година во црногорските продавници дојде до зголемување на цените на лебот, брашното, маслото, шеќерот, месото, јајцата, млекото, а аналитичарите проценуваат дека тоа е последица на растот на светската побарувачка, како и намалувањето на производството на сончоглед, житарици и соја, предизвикани од појавата на пандемијата прорив коронавирусот.

„Освен програмата за социјални ваучери, која претходно ја објави Министерството за финансии и социјална заштита, ова е уште една социјална мерка што решивме соодветно да ја спроведеме со цел да ја одржиме стабилноста на потрошувачите“, соопшти министерството, најавувајќи ги мерките за „смирување“ на пазарот.

Социјалниот ваучер е наменет за граѓани во состојба на социјална потреба, кои ќе можат да купат стока во вредност од 30, 50 и 100 евра во маркети што ќе бидат избрани на јавен повик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи