Кина денеска го претстави најбрзиот воз на светот кој развива брзина од 600 км/час


Кина денес го претстави новиот брз воз „маглев“ (кратенка од магнетна левитација), кој ги руши сите рекорди за брзина. Возот може да развие брзина од 600 км/ч.

Возот е развиен и произведен во Кина, во крајбрежниот град Ќингдао.

Возовите се движат така што лебдат над шините, користејќи магнети кои создаваат подигнување и потиснување. Засега во Кина нема меѓуградска линија со маглев воз, но некои градови како Шангај и Ченгду почнаа истражувања на технологијата за ова да биде можно.

Со брзина од 600 километри на час, на возот би му требале само 2,5 часа да стигне од Пекинг во Шангај, а тоа е растојание од над 1.000 километри. За споредба, патувањето со авион трае 3 часа, а со обичен брз воз – 5,5 часа.

Возовите „Маглев“ се иднината и, многу земји – од Јапонија до Германија, планираат да градат железнички „маглев“ мрежи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи