Со сметка за струја, вода, телефон… до државјанство


Предлог-законот за државјанство еднаш ставен во собраниска процедура го блокираше Левица, но мнозинството реши и на овој закон да му стави европско знаме и да го носи во скратена постапка.

Не со тројца сведоци, туку со доказ за платена сметка за струја граѓани ќе може да се стекнат со државјанство на Македонија. Платените сметки за комуналии се само еден од документите што ќе може да се приложи за стекнување со правото на државјанство. Новиот Предлог закон, овојпат со европско знаменце, предвидува тоа да се направи и со доказ дека барателот на државјанство завршил школо тука, бил на лекар, има имот, работи во земјава, тука има штедна книшка итн. Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.

Останатите измени се тоа што се скратуваат годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од 8 на 7. Во претходниот предлог Алијансата и Алтернатива бараа да се скрати на 4 години престој.

Предлагачот на законот наведува дека со него треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од 3 години по стапувањето на законот во сила.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи