Димитров: Наредните недели ќе се знае дали ЕУ ќе го задржи кредибилитетот на Балканот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Добро е што земјите кандидати се тука заедно со земјите членки на Европската унија да се разговара за актуелните прашања“, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на неформалната средба на министрите за европски прашања од земјите од ЕУ, кој се одржува во Брдо, Словенија. Тој додаде дека ќе ја покрене го покрене и прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата.

„Го споменав зборот „криза“, кој етимолошки потекнува од терминот „одлучувачки момент“. Сметам дека под словенечкото европретседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на Европската унија на Балканот или ќе го загубиме. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да се задржи, а не да се загуби“, изјави вицепремиерот.

Димитров откри дека една од главните теми е и справувањето со коронавирусот.

„Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски ние сме окружени од земји членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ“, истакна Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи