Крушево очекува да биде сертифициран како здравствено безбедна туристичка дестинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Крушево очекува да добие потврда, како соодветен сертификат дека е здравствено безбедна туристичка дестинација за европските туристи.  Крушево е во градовите каде нема активни случаи.

Експерти од Европскиот совет за туризам и за трговија ќе го посетат Крушево за да ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација и да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки.

Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, потребата од ова сертифицирање доаѓа како резултат на сѐ поголемите барања на европските туристи да посетуваат исклучително места каде ќе бидат безбедни од евентуално инфицирање со Ковид-19, а потврда за тоа ќе биде соодветен сертификат издаден од Комисијата. Крушево очекува да ја добие таа потврда.

„Очекуваме да добиеме потврда дека сме Ковид 19 безбедна дестинација. Тоа ќе придонесе да се истакнеме на европската туристичка мапа како безбедна дестинација и вредна, од здравствен аспект, за посета. Крушево ќе биде „COVID free дестинација“, вели Христоски.

Експертите од Европскиот совет во Крушево ќе престојуваат од 4 до 9 август.

„Ова ќе биде голем придонес за локалните угостители, ќе се зголеми нивната работа со фактот што градот ќе биде сертифициран како дестинација која ги почитува сите здравствени мерки и протоколи, додава Христоски“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи