Намален водостојот на трите природни езера, пониски од просечни и нивоата на речиси сите реки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од вчерашните.

Како што покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е намалено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,61 метар повисоко од просекот за јули, додека кај Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,74 метри кај Преспанското, односно за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

Пониски од повеќегодишниот просек за овој месец се и нивоата на речиси сите реки во земјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи